Заедно со претставувањето на првиот смартфон со 108 мегапикселна камера, Mi CC9 Pro, Xiaomi го претстави и својот прв паметен часовник Mi Watch.

За разлика од телефонот кој е достапен во остатокот од светот под името Mi Note 10, Mi Watch, барем за почеток, нема да биде достапен освен на кинескиот пазар.

Мора веднаш да се напомене дека Mi Watch многу наликува на Apple Watch, нешто што не е баш карактеристично за другите конкуренти. Главната сличност доаѓа во правоаголниот дизајн, додека повеќето други користат кружен. Сепак, покрај тоа, од страна е тука и копчето кое се врти, како и уште едно додатно копче.

Mi Watch инаку работи на Snapdragon Wear 3100 кој е наменет за ваквите уреди, а има и 1GB RAM меморија, како и 8 GB простор за податоци. Екранот е со големина од 1,78 инчи и е направен во AMOLED технологијата што значи може да се очекува одличен квалитет.

Големината на дијагоналата на уредот е 44 милиметри, а тоа е и единствената големина во која е достапен Mi Watch.

Карактеристично за уредот е што доаѓа со можност за поврзување на 4G мрежите преку eSIM, што значи дека може да функционира независно од мобилниот телефон, а работи на MIUI прилагоден за часовници, односно прилагодена верзија од Wear OS од Google.

Mi Watch доаѓа со свој звучник, микрофони, NFC, а секако и Wi-Fi и Bluetooth конекции. Како што би се очекувало од еден паметен часовник, Mi Watch доаѓа со потребните сензори на задната страна за да може да се користи за фитнес активности.

Достапни се две верзии според изработката и ќе се продаваат по цена од околу 185 и 285 долари.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаXiaomi го претстави Mi Note 10 – верзијата за остатокот од светот на телефонот со 108 мегапикселна камера
Следна статијаМакедонски Телеком ја зголемува добивката и бележи раст на корисничката база во третиот квартал на 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.