Првиот телефон за масовниот пазар со камера со 108 мегапиксели беше претставен вчера во Кина, по што денеска посебно беше претставен во Шпанија за остатокот од светот. Како што е стандардно за овој производител, а и другите кинески производители, двата телефони имаат различно име, па тој што нас не интересира и ќе се продава во нашата земја е Mi Note 10.

Од разгледувањето на карактеристиките, Mi Note 10 ги има истите карактеристики како Mi CC9 Pro, а главната разлика е во MIUI 11 софтверот којшто во остатокот од светот доаѓа со апликациите од Google и Play Store продавницата за апликации.

Mi Note 10 доаѓа со 5 камери на задната страна, карактеристиките на секоја најдобро можете да ги видите на следната слика.

Од останатите карактеристики, Mi Note 10 доаѓа со Snapdragon 730G чипсет, 6GB RAM меморија, 128GB простор за податоци, селфи камера со 32 мегапиксели, 6,47 инчен OLED екран кој е заоблен на страните, како и огромна батерија со капацитет од 5.260 mAh.

Телефонот доаѓа со брзо полнење со 30W, што му овозможува на уредот да се наполни целосно за само 65 минути, што е одлично со оглед на големината на батеријата.

На предната страна од екранот е поставен мал исечок кој за разлика од тие кај iPhone телефоните, воопшто не е голем и скоро и да не се забележува.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНовата Office апликација за мобилните ги комбинира Word, Excel и PowerPoint во една
Следна статијаXiaomi го претстави својот прв паметен часовник Mi Watch
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.