Иако официјално Mi MIX Alpha беше првиот телефон кој дојде со развиениот во соработка помеѓу Samsung и Xiaomi ISOCELL Bright HMX сензор за камера кај мобилните со 108 мегапиксели, овој телефон е само концепт, па нема многу корисници да го видат или користат.

Xiaomi оваа недела го претстави Mi CC9 Pro, па овој телефон може да се смета како првиот стандарден телефон, односно телефон наменет за масовна продажба, кој ќе го користи сензорот со 108 мегапиксели.

Овој телефон, кој е сепак од средната, односно средно високата класа, главниот акцент очигледно го става кај камерата, па покрај сензорот со огромен број на пиксели, доаѓа со уште 4 дополнителни камери, значи вкупно 5, на задната страна.

Ова го става Xiaomi Mi CC9 Pro на прилично високо место на пазарот кога е во прашање камерата, а од компанијата веќе се фалат со тестовите и резултатите на DxOMark.

Сензорот со 108 мегапиксели доаѓа со можност за групирање на пикселите, со што се добива слика со помала резолуција, но затоа со многу подобри детали и многу подобри слики во ноќни услови.

Останатите камери доаѓаат со 12 мегапиксели, 5, 20 и 2 мегапиксели. Овие камери овозможуваат и зумирање до пет пати, односно 50 со дигитален зум, а исто така овозможуваат и ултра широк агол на сликање.

Mi CC9 Pro доаѓа и во Premium Edition каде на корисниците им се овозможува подобра леќа која овозможува почисти слики, а тука се и одличните оценки на DxOMark.

Екранот на Mi CC9 Pro е со големина од 6,47 инчи и има Full HD резолуција. Посебно се истакнува батеријата која е со капацитет од дури 5.260 mAh, а може да се наполни целата за 65 минути со брзиот полнач со 30W.

Цената на Xiaomi Mi CC9 Pro ќе изнесува од 360 до 450 евра, а ќе ја видиме и точната цена кога ќе пристигне на нашиот пазар.

ИЗВОРGSM Arena
ИЗВОР 2Xiaomi
Претходна статијаЛасери можат да ги „излажат“ дигиталните асистенти дека добиваат гласовни команди
Следна статијаДури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не одвојуваат време да зборуваат за тоа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.