GG1

Во последниве неколку години Google развиваше технологија која ќе овозможи приказ на податоците од вашите “паметни” уреди директно пред вашите очи. Како резултат на ова произлезе Google Glass.

Првите примероци на Google Glass беа достапни само по пат на лотарија организирана од страна на Google, а цената изнесуваше 1.500$. Уредот се очекува да влезе во слободна продажба некаде до крајот на годинава.

Google Glass доаѓа во форма на очила и иако може да функционира самостојно, предвиден е најдобро да работи како екстензија на вашиот Android уред, притоа користејќи ја Bluetooth технологијата. Уредот има вграден TI OMAP4430 процесор базиран на дво-јадренот ARM Cortex-A9 кој работи на фреквенција од 1 гигахерц, RAM меморија со капацитет од 1 гигабајт и флеш меморија со капацитет од 16 гигабајти од кои 12 ќе бидат достапни за корисникот, камера од 5 мегапиксели со можност за снимање во 720p резолуција и WiFi конекција за безжично интернет поврзување. Google Glass ќе распознава гласовни команди и ќе одговара на истите преку звучник лоциран над вашето десно уво. Преку MyGlass апликацијата за Android, во синхронизација со вашиот телефон ќе можете да телефонирате, примате и праќате SMS пораки, како и да користите GPS навигација. За приказ на слика уредот користи мини дисплеј со резолуција од 640×360 кој е сместен веднаш над вашето десно око, а приказот ќе биде еквивалент на она што би го виделе на 25 инчен HD екран од околу 2.5 метри оддалеченост. Google Glass ќе работи на батерија со капацитет од еден ден при типично користење, а истата ќе се полни преку микро USB адаптер.

Google Glass е прилично едноставен за користење. Со вклучување на MyGlass апликацијата се поврзува со вашиот телефон/таблет и истата се користи за сетирање на уредот. Воедно опциите за сетирање се доста ограничени. Имате можност да изберете до 10 контакти од вашиот именик кои ќе ги повикувате со изговарање на нивното име, со кои Google+ кругови ќе споделувате содржини, кои апликации сакате да ви бидат активирани и на која WiFi мрежа ќе бидете поврзани. Оттука исто така можете преку Google Maps во секое време да ја видите моменталната локација на уредот, а доколку имате потреба и комплетно да ја избришете меморијата.

GG2

Дисплејот се активира со поткревање на главата нагоре или со допирање на десната страна од очилата во делот осетлив на допир. Првото нешто што ќе го видите по активација на дисплејот е часовник испод кој е напшано “ok glass”, што всушност е фразата за активирање на гласовните контроли. Со движење на прстот лево-десно по делот осетлив на допир можете да листате низ различните мениа и да ги активирате со нежно тапкање. Со користење на гласовни команди можете да сликате фотографии и да снимате видео, да праќате мејлови, да пребарувате на Google, да добивате GPS навигација, инстант превод на странски зборови и сл.

GG3

Можностите кои ги отвора технологијата која стои позади Google Glass, креира потенцијал за сериозна злоупотреба на истата, особено кога е во прашање туѓата приватност. Од тие причини Google објави и упатство за тоа како може да дознаеме дали некој не снима или фотографира без наша дозвола користејќи го Google Glass уредот. Google Glass веќе доби и забрана за користење во некои банки, болници, училишта и други јавни институции, спортски, концертни и кино сали, казина и сл. Некои држави, загрижени за безбедноста на своите граѓани, веќе започнаа и процеси за да се воведе забрана за носење на Google Glass додека возите автомобил.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.