Samsung

Телефоните на Samsung, поточно тие од највисоката класа, веќе одреден период имаат одлична можност, а тоа е да се поврзат на поголем екран и да се користат како десктоп компјутер. Samsun DeX се вика функцијата, а истата овозможува и прилагоден кориснички интерфејс погоден за поголем екран.

Со процесирачката моќ на денешните мобилни телефони, за некои луѓе тоа е се што е потребно за да можат да ја завршат својата работа и да сурфаат на интернет. Ова посебно важи кога се оди на пат, па не е потребно и погодно да се носи лаптоп компјутерот, иако и тие во денешно време се доста лесни и тенки.

Според неофицијални информации, Samsung, но и LG, работат на развој на мали надворешни и преносни екрани за мобилните уреди. Тие би требало да бидат со околу 14 инчи големина, а според информации Samsung има и име за овој екран, Samsung Dexbook.

Со екранот би дошла и батерија со што поврзувањето со мобилните може да се направи било каде, без потреба од извор на енергија.

Може да се каже дека ова е тоа што им фалеше на мобилните со ваква можност, па лесно може да се замисли како патувањето и носењето на ваков уред би било многу попрактично од носење дури и на мал лаптоп.

Скоро се што ни треба во денешно време го чуваме на нашите мобилни или во облакот, а со достапноста на мобилните апликации, доста работи може да се завршат само преку мобилниот. Додавањето на еден надворешен екран ќе ја олесни и надополни работата со мобилните.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2Liliputing
Претходна статијаToyota ја прикажа својата визија за градовите на иднината, а мал пример планира да изгради идната година
Следна статијаНеофицијални слики ја покажуваат замислата на TCL за смартфон кој се претвора во таблет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.