roku tv

Roku е уред кој го поврзувате со вашиот телевизор и интернет конекцијата и преку него гледате филмови, серии, слушате музика, играте игри кои ги стримувате од интернет. Поточно Roku има свој кориснички интерефејс на кој што пристапувате преку вашиот телевизор и избирате што ќе гледате преку избор од повеќе од 1000 интернет сервиси, како што се Netflix, Hulu Plus, M-GO, HBO GO, VUDU, Amazon Instant Video, TED и слични. Единствена мана на овој уред е неможноста да се користи во Македонија.

Roku доаѓа во 4 верзии, Roku 3 моделот кој е претставен и во продажба од Март оваа година, Roku LT, 1 и 2 кои беа претставени оваа недела. Roku е мал по димензии, 9,4 x 9,4 x 3,05 cm и може многу лесно да биде сместен во било какви услови околу телевизорот. Користењето е едноставно, односно уредот се поврзува преку LAN или Wi-Fi (зависно од моделот) со вашиот рутер, потоа се поврзува со телевизорот преку HDMI или композитен кабел. Го пронаоѓате на вашиот телевизор на приклучокот што го имате вклучено и веќе може да се користи.

Карактеристики на Roku и разлики помеѓу моделите

Roku LT: Компатибилност со скоро сите модели на телевизори, повеќе од 1000 забавни канали, вграден Wi-Fi, пребарување низ повеќе канали, 720p видео, кратенки до каналите.

Roku 1: Компатибилност со скоро сите модели на телевизори, повеќе од 1000 забавни канали, вграден Wi-Fi, пребарување низ повеќе канали, 720p видео, 1080p видео, кратенки до каналите.

Roku 2: Компатибилност со скоро сите модели на телевизори, повеќе од 1000 забавни канали, вграден Wi-Fi, пребарување низ повеќе канали, 720p видео, 1080p видео, кратенки до каналите, далечински управувач со приклучок за слушалки, Dual Band Wi-Fi (Wi-Fi a/b/g/n компатибилен).

Roku 3: Компатибилност со скоро сите модели на телевизори, повеќе од 1000 забавни канали, вграден Wi-Fi, пребарување низ повеќе канали, 720p видео, 1080p видео, кратенки до каналите, далечински управувач со приклучок за слушалки, Dual Band Wi-Fi (Wi-Fi a/b/g/n компатибилен), контрола на движења за игри, 5 пати побрз процесор и Ethernet, USB & microSD порти.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.