Најавата на ваков тип на екрани не е нешто ново, за нив се збори, шпекулира, најавува и се претставуваат прототипови веќе одреден период. Конкретно и Samsung на почетокот од годината најави изработка на екрани што се превиткуваат и претстави свој концепт на CES настанот во Јануари.
На настан во Сеул Samsung најави дека во Октомври ќе претстави мобилен телефон со заоблен екран. Овој мобилен нема да биде баш како најавениот концепт на флексибилни екрани на CES, но сепак го претставува почетокот на воведување на вакви екрани на пазарот. Мобилниот ќе биде достапен само во Јужна Кореа за почеток, а планови за помасовно производство во остатокот од светот не се најавени. Според пишувањата тоа доста ќе зависи од успешното производство на деловите за екранот по ниска и пазарна цена. Дали ваквите мобилни се само обид да се претстави нешто ново и интересно на пазарот или навистина ќе ја најдат својата намена, останува да видиме. Што мислите вие за овој концепт ?