Oppo е кинеска компанија која е позната по претставувањето на одлични концепти за уреди кои не ретко стануваат реалност преку официјални производи кои се продаваат. Овој пат од компанијата претставија концепт за смартфон со екран кон се превиткува, а слободно може да се каже дека е целосно уникатен и го немаме видено од друга компанија.

Целата на овој уред не е да се менува помеѓу смартфон и таблет, па можеби повеќе би можеле да го споредиме со веќе достапните уреди како Galaxy Z Flip од Samsung, односно RAZR од Motorola.

За разлика од овие два уреди кои се превиткуваат на половината, концептот од Oppo се превиткува на неколку места, односно има три различни екрани. Со тоа од Oppo сакаат да овозможат користење на уредот во различни ситуации, а притоа да корисниците не „се мачат“ со голем екран, кога тоа не им е потребно.

Кога е затворен уредот тој не ни наликува на телефон, а и отворањето на екраните и режимите на работа изгледа интересно и нестандардно.

Дизајнот е направен во соработка со јапонската дизајнерска компанија nendo. Повеќе информации за уредот сепак нема, па не е јасно дали воопшто ќе биде претставен некој официјален производ на основа на овој концепт, како што беше случајот со повеќето други концепти од компанијата.

Во продолжение на видеото можете да добиете добра претстава како од Oppo ги замислуваат уредите со екраните кои може да се превиткаат, барем дел од нив.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.