samsung-galaxy-gear-smart-watch1Веќе одреден период се очекува почетокот на претставувањето на паметните часовници, најавени од повеќето големи производители на мобилни телефони. 2013 веќе се нарекува година на паметни часовници. Меѓу најпознатите паметни часовници, кои што се веќе конкуренција на Samsung се Sony Smartwatch 2 и Pebble Smartwatch чии што развивачи го почнаа проектот преку Kickstarter (јавно прибирање на средства).

Паметниот часовник од Samsung е наречен Galaxy Gear. Истиот се користи како додаток на паметните телефони. Со него може да проверувате нотификации, да ја контролирате музиката на телефонот, да изберете повеќе видови на “лица’ за часовник. Овој часовник меѓутоа оди и чекор понапред од стандардните функции очекувани од еден ваков уред. Со часовникот, преку вградените микрофони и звучник, како и камерата, ќе можете да примате и правите повици и да снимате слики и видео.

Galaxy-Gear-008-Set1-Side_Six-565x331

Маската на Galaxy Gear е направена од нерѓосувачки  челик. Ременот е направен од гума и доаѓа во 6 различни бои и на него е поставена камера. Екранот е Super AMOLED со 320 x 320 резолуција и димензии од 1,63 инчи (4,14 цм). Има вградено 4 Гигабајти меморија, 512 РАМ меморија и 800 мегахерци еднојадрен процесор. Тежи 73,8 грама. На десната страна се наоѓа единствено копче кое со едно притискање ве носи на Home екранот, а со две притискања го активира гласовното контролирање S Voice. Доколку притиснете три пати, Gear автоматски ќе ја испрати вашата локација на претходно избран контакт, функција наречена сигурносна помош. Батеријата има капацитет од 315 милиампер часови и се очекува да издржи еден ден на користење. Камерата е со 1,9 мегапиксели и враден BSI сензор и автоматско фокусирање. Може да се снимаат видео клипови до 10 секунди во 720p, 640 x 640 и VGA резолуција со звук се разбира.

samsung-galaxy-gear

Како и другите “паметни” уреди денес, така и Gear работи со апликации. Тие го прават многу покорисен и повеќе од обичен часовник. Според Samsung моментално се достапни повеќе од 70 апликации, меѓу кои: Pocket, Path, Evernote, RunKeeper, Runtastic Pro…

Поради малиот екран, Gear се користи со пред-дефинирани гестови. Апликациите и функциите се организирани во различни “карти” кои што ги менувате со користење на гестовите. На пример, за да ја вклучите камерата, повлекувате со прстот надоле од горниот дел на екранот и слични други гестови. Во Gear исто така е вграден акселерометар кој ги следи вашите движења, па кога ќе заѕвони вашиот телефон, на повикот можете да одговорите со носење на часовникот до вашето уво.

Од повеќето што имале можност да го пробаат часовникот се добива истиот коментар, дека сепак не се целосно задоволни од првата верзија. Поточно перформансите не се на задоволувачко ниво, односно стартувањето на апликациите е прилично бавно, како и времетраењето на батеријата е прилично кратко. Други сметаат дека гестовите не се воопшто интуитивни и дека е потребно доста време за нивно учење.

Gear ќе биде достапен кон крајот на овој месец и ќе има цена од 299 долари.

Претходна статијаGoogle Chrome Apps за вашиот десктоп
Следна статијаСе за Google Glass
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.