Официјално започна Samsung Unpacked настанот на кој од компанијата треба да ја претстават наредната Galaxy S генерација, односно Galaxy S21 телефоните. Првиот производ кој Samsung го претстави на настанот е нова генерација од нивните Galaxy Buds безжични слушалки, Galaxy Buds Pro.

Ова е трета генерација од Galaxy Buds и за првпат доаѓаат со активно придушување на вревата, функција која Samsung првпат ја претстави кај Galaxy Buds Live. Овие слушалки ги сметаме како посебна категорија, па затоа не ги броиме како трета генерација, па таа ознака ја оставаме за новите Galaxy Buds Pro.

Слушалките доаѓаат со подобрување во сите области кои придонесуваат за квалитетот на звукот. Од Samsung се гледа дека посебно внимание имаат посветено на делот од квалитетот кој зависи од околината, па затоа интелигентното придушување на вревата е една од главните карактеристики на слушалките.

За таа цел слушалките имаат поставено два микрофони, на надворешната, но и внатрешната страна, со што точно се проценува вревата која доаѓа со увото, како и внатре во него, со цел да се направи паметното придушување на вревата.

Од Samsung исто така го истакнуваат подобрувањето на „Ambient mode“, исто така помогнат од вештачката интелигенција, функција со која корисниците можат да ја слушаат околината, како на пример кога сакаат да разговараат со некого.

Galaxy Buds Pro доаѓаат со делумно освежен изглед, што значи дека може да очекувате подобар дизајн од ланскиот и претходниот модел, а тука се и изборот на нови бои.

Може да се очекува дека како и претходните години, дел од Galaxy S21 телефоните дојдат со овие слушалки за корисниците кои порано ќе ги нарачаат нивните уреди.

Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Возењето на автопат најбрз и најбезбеден начин на патување со автомобил
Следна статијаSamsung ги претстави трите нови Galaxy S21 телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.