Samsung денеска официјално ги претстави трите нови уреди од Galaxy S серијата, како што веќе знаевме тоа се Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra.

Исто како и минатата година, а оваа може да се каже тоа е поистакнато, Samsung ги дели овие три модели на S21 и S21+, додека S21 Ultra може да се каже дека си е своја посебна категорија. Повеќето корисници ќе бидат заинтересирани за првите два модели, додека Ultra моделот кој доаѓа со додатни карактеристики ќе ги интересира најнапредните корисници.

Како што видовме од неофицијални информации, Galaxy S21 серијата доаѓа со освежен изглед кој најмногу може да се забележи на задната страна и новиот модул за камерите. Сега го имаме и официјалното име на модулот, Contour Cut Camera, овој нов модул се „прелева“ од страните на уредот.

Galaxy S21 и S21+ доаѓаат со 10 мегапикселна камера на предната страна, истата кај Ultra моделот е со 40 мегапиксели, додека на задната страна поставени се три камери со по 12, 12 и 64 мегапиксели и 12, 108, 10 и 10 мегапиксели кај S21 Ultra.

Трите уреди работат на новиот Exynos 2100 кој од компанијата го претставија завчера и сега корисниците може да очекуваат доста поголеми подобрувања кои нема да остават простор за критики во споредба со Snapdragon алтернативата во САД и уште неколку други земји.

Galaxy S21 и S21+ ќе дојдат со 8GB RAM, додека S21 Ultra ќе отиде доста погоре со избор помеѓу 12 и 16GB RAM.

Одлична новост за оваа година е што телефоните ќе имаат прилагодлива стапка на освежување на екранот од 48 до 120Hz, со што ќе се добие одличното искуство на високата стапка, со заштедата на батерија кога истата не е потребна.

Останатите детали и искуства од новите Galaxy S21 телефони следуваат во повеќе статии овие денови.

Претходна статијаGalaxy Buds Pro е првиот производ претставен на денешниот Unpacked настан на Samsung
Следна статијаSamsung: Претставени најновите Galaxy S уреди – S21 и S21+
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.