Поранешен вработен во Microsoft, кој воедно бил и водич во работата на дизајнот за новиот Office за Windows Phone, во кратко видео објаснува зошто „хамбургер“ менито ќе биде дел од дизајнот на Windows 10 за паметни уреди.
Накратко, главната причина е таканареченото порамнување на искуствата. iOS и Android имаат навигациско копче на левата страна од горната лента, додека дејствијата се поставени од спротивната страна на лентата. Windows Phone, од друга страна дејствијата ги има поставено на долната лента, а навигацијата се случува со лизгање од лево до десно.
Корисниците треба да имаат слично искуство на било која платфрома за да се избегне навикнување одново и корисничкото искуство треба да биде едноставно, а во исто време треба да биде исто како и на оперативниот систем за десктоп.
Од истата причина долната лента со дејствија останува со цел да биде слична на Windows за десктоп, додека навигацијата се појавува на горната лента во левата страна, а „хамбургер менито“ од десната страна на горната лента.
Така, Windows 10 за паметните уреди ќе одговара соодветно со останатите паметни уреди и декстоп верзијата на оперативниот систем во исто време.
Извор: Windows Central