Фото: Apple

Додека главната тема кај конкурентите на нивните настани е вештачката интелигенција, изгледа дека оваа година во случајот со Apple тоа нема да биде така. 

Иако не може Apple Intelligence да не биде дел од WWDC 2025, сепак се очекува дека главното внимание ќе биде насочено кон сѐ уште неофицијално најавениот редизајн на iOS 19 и macOS 16. 

Тука се поставува прашањето што ќе значи за Apple ваквиот план, а според мене, повеќе би сакал да го видам редизјанот на системите, отколку информации за ВИ, посебно кога доволно алатки се достапни на пазарот за нас како корисници. 

Веќе можевме да прочитаме дека iOS 19 ќе го добие најголемиот редизајн после повеќе години, а Џон Просер направи и видео во кое може да се види очекуваниот правец, кратко кажано, редизајн во правецот на visionOS.

Претходно информацијата за редизјанот беше пуштена од страна на најпознатиот на темата Apple, Марк Гурман, кој сега има уште некоја информација во тој правец. 

Според Гурман, редизајн нема да добијат само iOS, iPadOS и macOS, туку сите системи од компанијата. Тоа значи дека во сличен стил ќе бидат променети и tvOS, како и watchOS. 

Гурман додава и дека целта на редизајнот ќе биде унифицирање на корисничкото искуство, нешто што треба да ги доближи сите системи, нешто што исто така е дел од неофицијалните најави претходно. Покрај од дизајн аспект, се очекува и функционално доближување.

Името кое се користи внатре во компанијата за новиот дизајн на системите е наводно „Solarium“, нешто што дефинитивно оди во правец на сите досегашни информаии, а тоа е повеќе проѕирни елементи, како за почеток. 

WWDC, односно најважната за нас презентација, ќе се одржи на 9 јуни, тоа е понеделник за помалку од две недели, па точно ќе видиме какви се плановите на Apple. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаУспешен почеток на Avant2Go во Скопје – услугата за електрично споделување возила е веќе достапна за граѓаните
Следна статијаSamsung ја лансира One UI 8 Beta програмата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.