Windows Phone 8.1 треба да биде официјално претставен на годинашната Microsoft Build 2014 конференција која што ќе се одржи од 2 – 4 Април. Како што е веќе и нормална работа, до денот на претставувањето ќе бидат објавени голем број на информации, шпекулации, предвидувања, „протечени“ информации. Сето ова го прави чекањето поинтересно, како и потврдувањето или негирањето на истите на денот на официјализирањето. Веќе беше пуштена слика на која што е претставен можниот нов Action Center, меѓу другите информации.
Во меѓувреме Microsoft ја има пуштено Алатката за развој на софтвер (SDK) на одредена група на програмери, нешто што обично се прави пред официјалното претставување на нова верзија од оперативните системи или софтверски решенија. Тоа им овозможува дополнително тестирање од страна на надворешни програмери и последно средување на оперативниот систем пред неговото финално претставување. Откако беше пуштена SDK алатката, на интернет почнаа да излегуваат информации, како и слики (screenshots) од новите можности до кои што наводно имаат дојдено овие програмери. Го користиме зборот наводно затоа што и покрај тоа што веројатноста дека овие информации се точни, сепак се сеуште непотврдени.
До она што можевме да дојдеме до сега како информација на интернет сајтовите, новите промени кои што ќе бидат дел од Windows Phone 8.1 сумирани во една листа се следните:
- Аудио/Видео транскодирање
- Едитирање на медиа фајлови, како аудио и видео, аудио ефекти, видео ефекти, slow motion видео
- Wi-Fi Direct поддршка
- Поддршка за прикажување на екранот на други уреди, како телевизори, монитори и слично
- Internet Explorer 11 со HTML5 поддршка и можност за гледање на видео содржина без да мора истата да биде отворена во посебен fullscreen екран
- Ребрендирање на SkyDrive во OneDrive и вклучување на можност за разгледување на локалните, покрај онлајн фајловите, како што е направено во Windows 8.1
- Исклучување на апликациите со повлекување на прстот надолу, наместо досегашното x копче
- USB прилагодувања
- Лента за навигација со можност за избор на нејзината боја
- Ажурирана апликацијата за камерата
- Back копчето не ја гаси апликацијата, туку ја става во standby режим
- APPX формат на апликациите, наместо досегашниот XAP
- Поддршка за поврзување на VPN мрежи
- Филтрирање на приказот на инсталираните апликации по датата на инсталирање и колку често ги користите
- Подобрена работа со повеќе сервиси, односно мултитаскинг
- Можност за инсталирање на апликациите на SD картичка
- Посебни контроли за звук за медиа, звонење и слично
- Bing Smart Search како во Windows 8.1
- Xbox Music и Xbox Video како посебни алпикации
- Редизајнирана Xbox Game Hub апликацијата
- Поголема интеграција на Twitter во контактите
- Тргната поддршката за Facebook сметка (можно е издавање на официјална апликација од Facebook која што ќе биде интегрирана, како во случајот со Windows 8.1)
- Брз пристап до прилагодувања за Wi-Fi, Bluetooth и слично
- Action Center за нотификации
- Можност за означување на нотификацијата на плочките како прочитана со повлекување со прстот од левата страна на плочката
- Автоматско надградување на апликациите
- Подобри можности за backup
- Симнување на MP3 фајлови со можност за нивно отворање или зачувување
- Нова Battery Power Sense апликација на која што ќе може да се види листа на апликации кои што ја трошат батеријата најмногу
- Избор на друга главна апликација за испраќање на пораки
- Подобрена верзија од Calendar апликацијата со нов неделен преглед
Во продолжение можете да ја погледнете галеријата со слики кои ги покажуваат овие нови можности на оперативниот систем.
Извори: WPCentral, The Verge, WMPoweruser