8535.b14_announce

Microsoft Build е конференција наменета за програмерите, но и за сите останати кои се заинтересирани да дознаат што ново планира оваа компанија во периодот што доаѓа. Build 2014 конференцијата ќе биде порано од претходните, односно за разлика од Build 2013 која се одржа во Јуни, Build 2014 ќе се одржи 3 месеци порано, односно од 2-ри до 4-ти Април. Истата ќе се одржи во Moscone центарот во San Francisco. Пријавувањето за учество ќе започне од 14-ти Јануари 2014 преку следниот сајт http://www.buildwindows.com/.

Како и обично, како што изјавуваат од Microsoft, конференцијата е место каде што програмерите се состануваат и разговараат за најновите производи од Microsoft, напредок на платформите, алатки и понуди и слично. На конференцијата ќе се разговара за што е следно за Windows, Windows Phone, Windows Azure, Windows Server, Visual Studio и многу повеќе.

12-13Welcome_Page

Она што можеби е најинтересно и најмногу се очекува е претставувањето на Windows Phone 8.1 која што треба да воведе доста од бараните функции од корисниците, со надеж да ја приближи платформата до Android и iOS, како по функции, така и по број на корисници. Она што се очекува од најновата верзија од Window Phone е воведување на долго очекуваниот центар за нотификации, покрај другите како персонален асистент сличен на Siri, копчиња на самиот екран и друго.

Претходна статијаНадградена Facebook за Windows Phone 8, донесува нотификации за примените пораки
Следна статијаИнсталирање на Ubuntu Touch до Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.