Фото: Shutterstock.com

Според директорот на компанијата Jamf, Дин Хејгер,, кој е во заминување од оваа позиција, во разговор со Computer World, Windows веќе нема да биде главниот и доминантен систем кај бизнисите.

Оваа позиција ќе ја преземе Apple според него, а тоа да се случи може да се очекува во наредните 10 години.

Како главна причина за ова тој ја истакнува доминацијата на Apple на пазарот на мобилни, додека во исто време Microsoft воопшто нема сопствен мобилен, во време на мобилни уреди.

Тој истакнува дека Windows како екосистем е во пад изминатите 20 години, а тој со тоа не сака да го критикува системот, па ова што го кажува поред него е факт.

Според Хејгер, уште еден фактор за популарноста на Apple, кој се поврзува со претходниот, е изборот на вработените во компаниите, нешто што порано не бил голем фактор во нивната работа.

Популарноста на Apple кај нив, на крај исто така ќе биде голем фактор во одлуките на компаниите, а позната е популарноста на iPhone, iPad, а изминатите години и на Mac компјутерите.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаX планира да воведе аудио и видео повици за корисниците
Следна статијаApple планира голем редизајн на Watch за 10 годишнината од претставувањето на овој уред
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.