Елон Маск го најавува тоа подолго време, но доста јасно дојде до израз по ребрендирањето на Twitter во X, а тоа е дека мрежата ќе стане многу повеќе од тоа што беше досега. Корисниците можат да очекуваат поголем акцент на видео содржината, а со тоа и на креаторите, а според најавите од директорката Јакарино, апликацијата ќе добие и можност за видео повици.
Во интервју за CNBC, Јакарино најави дека X ќе добие можност корисниците да прават аудио и видео повици преку одамна достапната функција за директни пораки.
За тоа нема да биде потребно внесување на телефонскиот број, нешто што посебно беше истакнато, а корисниците ќе можат да прават видео повици со сите корисници со кои досега можеа да прават разговори.
Дали на корисниците им е потребна уште една апликација за видео повици, не сме баш сигурни, но оваа новина може да им се погоди како доста корисна на тие кои веќе функционираат преку X.
Можноста да се направат аудио и видео повици со корисниците со кои се комуницира, без потреба од размена на телефонски броеви или контакт од другите друштвени мрежи, може да сепак се погоди како одличен додаток за активните „твитерџии“.
Уште не е познато кога може да се очекува оваа новина, како и тоа дали истата ќе им биде ексклузивно достапна само на претплатниците на X Blue или на сите корисници.
Дека од компанијата работат на ваква новина можевме да видиме и преку објава од дизајнерка од X, која објави и слика од тоа како би изгледала функцијата.