1bb286c15dcd6b8fc0430137ca8f2794d393fe6c_large

Корисниците на Windows, а особено на Windows Phone, беа единствените кои имаа целосна интеграција на Facebook во оперативните системи. За жал, таа поддршка веќе нема да ја има, поради промени во API кодот на Facebook.

Како долгогодишен корисник на Windows Phone (и Windows) можам да потврдам дека оваа интеграција беше веројатно најдобриот дел во оперативниот систем на Microsoft. Имено, во делот People беше вградена целосната Facebook функционалност и беше многу лесно да ги видите статусите и фотографиите на најважните луѓе во вашиот живот. Бидејќи ова беше интегрален дел од оперативниот систем, влегувањето во самата апликација беше многу побрзо, а и живата плочка на почетниот екран ги покажуваше сите информации од Facebook и Twitter.

Покрај тоа што интеграцијата ќе биде исклучена од оперативните системи, истото ќе се случи и во OneDrive, Outlook, Photos, Office 365 Outlook веб апликацијата итн. Ова значи дека Facebook Connect опцијата нема да може ниту да повлекува контакти од Facebook, односно тоа ќе мора да се направи преку официјалната апликација на најпопуларната социјална мрежа.

Од Microsoft најавија дека оваа ситуација ќе остане и дека интеграцијата со Facebook веќе нема да ја има во нивните сервиси. Ова е веројатно направено со цел корисниците повеќе да ги користат официјалните апликации, каде Facebook ќе може да пушта реклами, односно да има заработка од користењето на нивниот сервис.

Извор: Windows Central, The Verge

Претходна статијаLumia 940 XL ќе има скенер за ирисот на окото!?
Следна статијаApple го претстави iOS 9 – Вклучува нови можности на Siri и мултитаскинг на iPad