Минатата недела Microsoft го претстави Windows 11 и слободно може да се каже дека беа оправдани најавите од компанијата дека ова ќе биде најголемата надградба на Windows во последната декада.

Новини беа најавени и во делот на перформансите, а тука влегува и еден од најважните делови од Windows, а тоа се игрите. Гејмерите може да очекуваат подобрување на перформансите, а посебно тие кои обично ги имаат едни од најсилните гејминг машини на пазарот.

Главната новина која ја најави Microsoft поврзана со гејмингот е DirectStorage, дел од DirectX 12 Ultimate, досега дел од најновата генерација од Xbox конзолата.

Гејмерите ќе може да очекуваат повеќе придобивки од DirectStorage, но за да може да биде вклучена оваа функција тие ќе треба да ги имаат најдобрите компоненти на пазарот како што се RTX графичките од Nvidia, односно RDNA 2 графичките од ADM.

Покрај овие големи побарувања, што не треба да ги изненади корисниците, Microsoft оваа новина ја најави ексклузивно за Windows 11. Тоа значи дека корисниците кои ќе се одлучат да останат на Windows 10, нема да можат да ги добијат придобивките од DirectStorage.

Со оглед на тоа што надградбата од Windows 10 на Windows 11 ќе биде бесплатна, не гледаме причина некој тоа да не го направи.

Од оваа недела се очекува пуштање на првата тест верзија од Windows 11 во Windows Insider програмата, која прво ќе биде во каналот за програмерите, а подоцна се очекува и во бета каналот. Ова значи дека не се препорачува инсталирање на Windows 11 на главниот компјутер кој се користи за работа.

ИЗВОРARS Technica
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија11 проектни тимови се дел од првиот Хакатон “Е-Здравство” на ФИТР и Рош Македонија
Следна статијаПроектот “m.Health” е победник на Хакатонот “Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.