Microsoft првпат кога го најави Windows 10X беше со најавата на Surface Neo, интересниот уред со два екрани кој уште не е официјално претставен. Оваа верзија од Windows 10 беше најавена како специјално развиена за ваквите уреди, односно со двоен екран, но со тек на време плановите се променија.

Сега Windows 10X е замислен повеќе како конкуренција на Chrome OS и е замислен да функционира на лаптопи со еден екран, од пониската класа. Поради тоа, овој систем е доста „полесен“, односно троши помалку ресурси, а и најверојатно ќе функционира во главно на ARM уреди, без директна поддршка за win32, односно обични програми.

Сите информации досега говореа дека Microsoft официјално ќе го претстави овој оперативен систем оваа пролет, односно во првата половина од 2021, а имаше дури и „протечена“ готова верзија која можевме да ја видиме како функционира.

Според извори на Windows Central, Microsoft повторно го има одложено пуштањето на Windows 10X и сега тоа се планира за втората половина од оваа година. Тогаш може да се очекуваат и првите уреди кои ќе работат на овој систем.

Нема повеќе информации кои се причините за одложувањето, а посебно што во втората половина од годината се очекува и уште неофицијалната поголема надградба на Windows 10 која треба да донесе досега најмногу промени после повеќе години.

Информациите околу поголемата надградба на Windows 10 уште се мали, па тие во главно најавуваат дека ќе има поголема примена на Fluent дизајнот низ корисничкиот интерфејс, промени во таскбарот, Старт менито, вградените апликации и слично.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаDuckDuckGo го критикува Google за количината на податоци кои ги собира од корисниците
Следна статијаWikimedia сака да почне да им наплаќа на големите компании кои ги користат информациите од Wikipedia
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.