windows-10-logo-1

Последната официјална информација објавена од Microsoft беше пред нешто повеќе од месец дена, а бројката на активни Windows 10 уреди изнесуваше 270 милиони. Во периодот што следеше бројката е зголемена на сега објавените 300 милиони уреди кои работат на некоја верзија од Windows 10.

Причината поради којашто објавувањето на бројот на корисници на овој оперативен систем се случува често е целта на Microsoft да стигнат до 1 милијарда корисници во првите 2 до 3 години од пуштањето на првата официјална верзија на Windows 10.

До истекот на првата година има уште нешто помалку од 3 месеци, па може да се очекува да се стигне до скоро половина пат.

Microsoft исто така ќе ја засили кампањата за потсетување на корисниците дека имаат до крајот на јули бесплатно да го надградат нивниот Windows 7 или понов на Windows 10, со што ќе им бидат достапни бесплатно и сите понатамошни надградби.

Ова лето исто така ќе стане достапна првата нешто поголема надградба на Windows 10, наречена надградба за годишнината, односно Windows 10 Anniversary Update.

Во својот блог, покрај главната бројка, Microsoft изнесува уште неколку статистики поврзани со користењето на оперативниот систем, односно неговите апликации:

  • Повеќе од 63 милијарди минути поминати на Microsoft Edge, раст од 50% во споредба со претходната четвртина
  • Cortana има помогнато во одговарањето на повеќе од 6 милијарди прашања
  • Повеќе од 9 милијарди часови поминати во играње игри

Прифаќањето на Windows 10 се чини дека нема да биде проблем за Microsoft, како што тоа беше случајот со осмицата. Она што останува да се види во наредните година дена е дали ќе се успее во зголемувањето на бројот на уреди, а со тоа и корисници на мобилната верзија од овој оперативен систем.

Извор: Microsoft Blog, VB, Windows Central

Претходна статијаToyota патентира паметно ветробранско стакло со проширена реалност
Следна статијаXerox е именувана за една од најетичките светски компании десетта година по ред
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.