windows-10-adoption

Microsoft е за 70 милиони уреди поблиску, од последната објава во јануари, до целта од 1 милијарда уреди која си ја постави за Windows 10, а треба да ја оствари во првите неколку години од претставувањето на овој оперативен систем.

На првиот ден од Build 2016, Тери Маерсон објави дека Windows 10 сега се користи на повеќе од 270 милиони уреди од претставувањето во јули минатата година. Според него, Windows 10 е досега најбрзо растечката верзија од Windows, надминувајќи ја стапката на се’ уште најпопуларниот Windows 7 за 145%.

Во оваа бројка во главно се наоѓаат десктоп и лаптоп/хибридни уреди. Бројката на мобилни уреди се’ уште не успева значително да придонесе во зголемувањето на Windows 10 уреди, а доколку се земе како показател презентацијата од првиот ден на Build, мобилната верзија од овој оперативен систем, уште долго време ќе биде „неважна“.

Windows 10 во главно ги исправи повеќето „грешки“ кои го направија Windows 8 вториот Windows Vista, односно верзија која корисниците многу лошо ја прифатија.

До јули оваа година сите корисници на лиценциран Windows 7 или понов можат бесплатно да направат надградба на Windows 10, а Microsoft активно ги потсетува на тоа, а има пријави и за автоматско инсталирање без дозвола од корисникот.

Извор: ZDNet, PCWorld

Претходна статијаНамалени цени за четвртиот роденден на КупиКнига.мк
Следна статијаSeagate претстави надворешен HDD диск од 8 TB кој се напојувава само преку USB Type-C
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.