Microsoft најави дека ќе продолжи да пушта по две големи надградби за Windows 10 и за Microsoft Office годишно. Тоа значи дека наредната голема надградба со кодно име Restone 3, треба да пристигне во септември оваа година.

Причината зошто тие уште отсега најавуваат кога ќе има поголема надградба, е за компаниите, односно нивните IT сектори, да можат да планираат предвремено и да ги спремат своите системи за оваа надградба. Оваа пракса треба да продолжи и во иднина, а истото ќе важи и за Office 365 Pro Plus корисниците, кои навремено ќе добиваат најава за надградбите. Да потсетиме, оние со Enterprise верзија на Windows 10 многу покасно добиваат нова надградба, бидејќи се чека на IT секторите на компанијата да ја пуштат.

И не само тоа – нови надградби два пати годишно ќе има и за Office и тоа не само безбедносни, туку со нови функции и можности. Ова сепак не се однесува на оние кои имаат инсталирани Office апликации во својот компјутер и не го користат Office 365 ProPlus. Тие корисници ќе добиваат само безбедносни надградби, иако лично очекувам Microsoft и овој дел од Office во иднина да го претвори во сервис и тој веќе да нема нови верзии, како на пример Office 2019.

Сите надградби за Windows, според компанијата ќе бидат поддржани 18 месеци, што е случајот со сите верзии и досега. Ова значи дека безбедносни надградби за таа верзија ќе бидат достапни 18 месеци – потоа ќе треба да инсталирате понова верзија (поточно понова поголема надградба).

Извор: ONMSFT, Windows Report, Hot Hardware

Претходна статијаMicrosoft Authenticator апликацијата овозможува логирање без лозинка
Следна статијаМакета од iPhone 8 го покажува телефонот во целосно светло

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.