Windows_10_build_10240_(RTM)

Според Договорот за лиценцирање со крајните корисници (EULA – End user license agreement) кој што скоро никој од нас не го чита кога инсталира оперативен систем или некоја апликација, Microsoft веќе нема да нуди избор за тоа како ќе бидат инсталирани надградбите на системот.

Се работи за корисниците на Windows 10 Home верзијата од оперативниот систем, кој што сега ќе има само автоматско инсталирање на надградбите. Со оглед на тоа што се работи за верзија од Windows 10 наменета за обичните корисници ова за нив нема да претставува некоја посебна промена. Надградбите и во другите верзии се наместени на автоматски стандардно, со тоа што сега корисниците веќе нема да можат да ги исклучат.

Останатите верзии ќе имаат поголема контрола на надградбите, односно корисниците на Pro верзијата ќе можат да изберат одложување на инсталацијата, додека Enterprise ќе имаат целосна контрола како и до сега.

Ваквата политика од една страна овозможува поголема безбедност на корисниците кои што нема да бидат оставени самите да притиснат на копчето за надградба, а посебно во ситуации кога се работи за безбедносни надградби.

Меѓутоа од друга страна скратувањето на избор е нешто кое што не поминува добро кај корисниците кои што најчесто сакаат самите да одлучуваат што ќе се случува на нивниот компјутер. Исто така, ова му овозможува на Microsoft да инсталира софтвер кој што корисниците можеби не би сакале да го користат, без нивно прашање.

Друг потенцијален проблем е пуштањето на надградби кои што потоа се покажуваат како проблематични, нешто што се има случено неколку пати. Во такви ситуации, помалиот број на инсталации на надградбата е всушност добра работа, па од компанијата имаат време да издадат исправка.

Windows 10 настапува на пазарот официјално од 29-ти јули, кога ќе почнат бесплатните надградби, како и продажбата на уреди со овој оперативен систем. Повеќе милиони корисници веќе го користат оперативниот систем преку Windows Insider програмата, а тие ќе бидат и први во редот за инсталација на финалната верзија на крајот од месецот.

Извор: ZDNet

Претходна статијаOculus купи компанија која развива технологија за следење на рацете за виртуелната реалност
Следна статијаMarshall London – Android телефон специјализиран за квалитетно слушање музика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.