Секој втор вторник во месецот Windows 10 добива надградба која во главно донесува безбедносни исправки и други слични исправки кои не се поврзани со нови функции. Корисниците кои обично ги одложуваат достапните надградби се препорачува овие да не ги одложуваат.

Сепак, како што е често случајот, повторно има пријави за проблеми по инсталацијата на вчерашната надградба, меѓутоа нема информација за колкава бројка се работи, па се што се знае е дека има неколку пријави на форуми.

Надградбата вчера донесе 56 исправки кои се поврзани скоро со сите производи од Microsoft. Од тие повеќето се означени како важни, но има и 11 кои се во категоријата на критични. Една од исправките е наменета за пропуст во системот кој овозможува инсталација на малициозен софтвер, пропуст за кој има информации дека веќе е искористен, но најверојатно само во Кина.

Листата на сите производи од Microsoft кои добија исправка со вчерашната надградба можете да ја погледнете тука.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаПрви неофицијални слики од Android 12 ги најавуваат промените кои можеме да ги очекуваме
Следна статијаQualcomm отвора нов 5G центар за истражување и развој во Франција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.