Она што е карактеристично, а често и критикувано за Android оперативниот систем е големиот број на верзии кои се користат на големиот број на различни уреди. Иако Android редовно е надградуван, сепак не значи дека сите ја добиваат најновата верзија, па остануваат доста уреди со различни верзии од оперативниот систем.
Во продолжение можете да погледнете кои верзии од Android сеуште се користат и нивниот процент, утврден според корисниците на најновата верзија на Google Play Store компатибилна со Android 2.2 и нагоре, во последните 7 дена.
Може да се види дека моментално најкористена верзија е Jelly Bean, додека најновата KitKat сеуште има многу мал процент, кој што најмногу се должи на корисниците на новиот Nexus 5 и неколку уреди кои ја добија новата верзија прилично брзо.