large_micro-usb-frnt

Од страна на The USB 3.0 Promoter Group најавен е развој на нов USB конектор кој што треба да ги задоволи новите трендови во дизајн на уредите, како и подобрување на функционалноста. Ова значи дека новите USB кабли ќе имаат помали конектори кој што би овозможиле изработка на тенки уреди, без притоа USB портата да треба да стрчи како што е случај во актуелните уреди.

Она што е најинтересно кај новиот кабел е конечното воведување на унифицираност на страните на конекторот, па веќе нема да треба да проверувате дали го вклучувате од правилната страна. Ова стана популарно со новиот конектор што го воведе Apple почнувајќи со iPhone 5, наречен Lightning.

Новиот конектор е наречен Type-C и е изработен на база на USB 3.1 и USB 2.0 технологија. Главните карактеристики и функции вклучуваат:

  • Целосно нов дизајн направен да се вклопи со новите дизајни на уредите
  • Нова помала големина – слична на големината на постоечките USB 2.0 Micro-B конектори
  • Подобрување на употребливоста – корисниците веќе нема да мора да внимаваат за ориентацијата на приклучокот и насоченоста на кабелот
  • Ќе подржува скалабилно полнење со енергија, односно пренос на енергија според потребата на уредот
Претходна статијаToshiba го купи OCZ за 35 милиони долари
Следна статијаТабела за користењето на различните Android верзии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.