Паметните часовници од Samsung досега се продаваа под брендот Gear којшто беше измислен специјално за овие производи од компанијата. Според информациите, Samsung планира паметните часовници да ги „премести“ во Galaxy брендот кој се користи за нивните смартфони.

Она што веднаш се претпостави по оваа вест е дека со оваа промена Samsung „конечно“ ќе го прифати оперативниот систем на Google, односно Wear OS кој е направен на база на Android. Тоа е и логично да се претпостави со оглед на тоа што сите Galaxy смартфони работат на Android оперативниот систем, а и Google сигурно прави нешто за да го натера овој производител да го користи неговиот систем.

Сепак, според информациите од SamMobile, кои се познати по следењето на се што е поврзано со оваа компанија, Samsung не планира да почне да го користи Wear OS во своите паметни часовници, па ќе продолжи да го користи својот Tizen OS.

Tizen OS моментално својот најголем успех го има во уредите од категорија на IoT, односно уредите за паметен дом, кратко кажано. Покрај тоа, Samsung своите паметни часовници ги прави со овој оперативен, па изгледа не планираат тоа да го променат.

Новиот Galaxy Watch којшто треба да биде претставен оваа година, а најверојатно идниот месец, ќе работи на Tizen OS 4.0, а според информациите оваа верзија моментално нема некои посебни новини кои вреди да се истакнат.

Како и да е, интересно е да се дознае како реагира Google на ова, доколку сепак се покаже како точно, се разбира.

ИЗВОРSamMobile
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаNokia X5 претставен во Кина – смартфон од средната класа со исечок на горната страна и двојна камера на задната
Следна статијаFacebook воведе синхронизирање на Instagram контактите во Messenger
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.