1QD4sArEH1oVtEcWjuz0k39bfPDmgD1

Враќањето на Start менито во Windows, Microsoft го потврди во Април оваа година на нивната Build конференција. Од сликата која што ја прикажаа можеше да се види дека се планираат одредени новости во менито, а не едноставно враќање на претходното кое што се користеше до Windows 7. Исто така од сликата која што ја прикажаа на презентацијата можеше да се види дека тие исто така планираат да овозможат модерните апликации, односно апликациите наменети за корисниците на екрани на допир, да работат во десктоп околината намалени во посебен прозорец.

Меѓутоа една работа од компанијата решија да не ја соопштат на конференцијата која што до денес не е официјално соопштена. Тоа е информацијата за тоа кога овие две нови функции ќе бидат воведени во оперативниот систем. Поради тоа можеме да прочитаме повеќе шпекулации кои што кажуваа дека Start менито ќе биде претставено со некоја од наредните надградби планирани за Windows 8.1, за да подоцна излезат информации дека тоа сепак е одложено за наредната година со Windows 9. Работењето со модерните апликации во десктоп околината исто така се очекува во наредната поголема верзија од оперативниот систем, а овие информации веќе се чинат како сигурни.

Изминатиот период почнаа да излегуваат информации дека Microsoft веќе е во напредна фаза на изработка на наредната верзија од оперативниот систем и дека бета верзија од истиот ќе биде достапна до крајот на оваа година. Исто така почнаа да се појавуваат тврдења за достапност на неофицијална верзија од Windows 9, а со тоа се појавија и неофицијални слики од него.

Од сликите може да се види најавеното Start мени во кое што покрај стандардните програми на левата страна, на десната страна се наоѓаат плочките од модерните апликации. Тие како и на Start екранот, така и на менито ќе ги прикажуваат своите информации во живо, а корисниците ќе може да избираат дали сакаат плочките да ги има на менито. Исто така од сликите се гледа како PC Settings работи на посебен намален прозор во десктоп околината, нешто што ги потврдува информациите за можноста модерните апликации да работат во таа околина.

windows-9-settings

Дали овие слики се вистински или се направени во Photoshop не е познато, но сепак наликуваат на информациите кои што ги има дадено Microsoft до сега.

Дека овие можности ќе бидат достапни во наредната верзија од Windows веќе не е прашање, останува само прашањето кога точно од компанијата ќе ги претстават на корисниците, како и кои ќе бидат сите дополнителни функции кои ќе бидат достапни.

Извор: Geek, Betanews

Претходна статијаБесплатни е-книги достапни за симнување од Microsoft
Следна статијаThe Coolest преносен фрижидер со вграден блендер, звучник и многу повеќе
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.