microsoft-ebooks

Eric Ligman, еден од менаџерите во Microsoft, веќе неколку години составува листа од книги кои што бесплатно можете да ги симнете од страната на компанијата. Оваа година таа листа содржи скоро 300 книги поврзани со Windows 8.1, Windows 8, Windows 7, Office 2013, Office 365, Office 2010, SharePoint 2013, Dynamics CRM, PowerShell, Exchange Server, Lync 2013, System Center, Azure, Cloud, SQL Server и многу повеќе.

Овие книги може да се каже дека не се наменети за обичниот корисник, односно тие најмногу можат да им користат на IT професионалците, како и на тие што се заинтересирани за учење во некоја од областите. Овие книги се добар извор на основни информации за производите од компанијата, врз основа на кои што може да се одлучите да го надградите вашето знаење. Сепак, тие се бесплатни, па се добредојдени за секој кој што работи во IT областа и има потреба од дополнителни информации.

Повеќето книги се достапни во PDF формат, а дел од нив се и во EPUB, MOBI, како и DOC форматите. Книгите можете да ги симнете преку MSDN страната на Microsoft преку следниот линк.

Извор: Betanews

Претходна статијаRussia One, нов модерен трамвај кој што ќе се користи во градовите на земјата
Следна статијаПротечени слики од Windows 9 ги прикажуваат новото Start мени и модерните апликации на десктоп околината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.