Покрај најавата за достапноста на iOS 9 за корисниците на мобилните уреди, на вчерашниот Apple настан беше најавена и достапноста на другиот оперативен систем од компанијата. OS X El Capitan, кој што исто така е достапен во бета верзија за тестирање, ќе биде финализиран и достапен за корисниците почнувајќи од 30-ти септември.
За разликата од претходната, оваа верзија од OS X не донесува некои посебни новини од аспект на нови функции, меѓутоа се концентрира на подобрување на перформансите и другите елементи поврзани со корисничкото искуство.
Од новините кои што сепак се достапни се истакнува можноста за подредување на отворените прозори еден до друг, односно нивното автоматско подредување при нивното носење до крајот на екранот.
Промените кои што се достапни во OS X El Capitan беа презентирани на официјалното преставување на оперативниот систем и на истите можете да се потсетите во тогаш објавената статија тука.