Фото: Shutterstock.com

OneDrive десктоп апликацијата, која во поновите верзии од Windows доаѓа интегрирана со системот, ќе престане да функционира за постарите верзии од Windows од идната година. Поточно, апликацијата прво ќе престане да добива надградби од 1ви јануари 2022, а потоа почнувајќи од 1ви март 2022 истата ќе престане да функционира, односно веќе нема да ги синхронизира датотеките со „облакот“, односно со серверите.

Оваа промена важи за Windows 7 и Windows 8 и Windows 8.1, верзии од Windows кои се веќе доволно стари. Microsoft со ова ги насочува корисниците да ги инсталираат двете поддржани верзии од нивниот систем, Windows 10 или Windows 11.

Корисниците на постарите верзии ќе можат да пристапат до своите датотеки преку интернет прелистувач, преку кого можат да ги симнуваат и прикачуваат, но сепак губењето на можноста тоа автоматски да се прави е големо губење на функционалноста на OneDrive.

Оваа промена не важи и за бизнис корисниците кои ќе можат да продолжат да го користат OneDrive на Windows 7 или Windows 8.1 до 10ти јануари 2023 година, односно до датата на продолжената поддршка за овие системи.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаНова населба во Киев е како направена од Lego коцки
Следна статијаСајбер безбедноста е приоритет во дигиталната инфраструктура, велат експертите за инвестиции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.