Comfort Town е нова населба во Киев, Украина која е изградена на поранешна индустриска зона во градот. Изградбата траела дури 11 година, а е дизајнирана од страна на компанијата Archimatika.

Оваа населба најверојатно немаше да привлече некое посебно внимание, барем не надвор од Киев, да не беше изгледот и боите на зградите. Тие се направени така да наликуваат на населба направена од Lego коцки. Од компанијата секако тоа не го промовираат на тој начин, но сличноста дефинитивно е тука.

Инаку, населбата е направена во за денешно време познатиот збиен стил на станбени згради. Сепак, за разлика од овој стил во нашиот град, каде зградите се поставени една до друга, а не ретко толку блиску да терасите се допираат, Comfort Town е направен во блокови.

Од Archimatika посебно го објаснуваат блок стилот каде е оставен доволно голем простор за да има паркови со зеленило, спортски терени, шеталишта, паркинзи, градинки и продавници.

Поради тоа што населбата е направена во блокови, просторот помеѓу зградите и парковите е издвоен од улиците кои поминуваат само околу блокот.

Замислата на Archimatika е да населбата може да го привлече вниманието на сите, дури и во вакво време на криза.

Претходна статијаРСБСП: Возете внимателно – доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози
Следна статијаOneDrive десктоп апликацијата ќе престане да ги синхронизира датотеките за корисниците на Windows 7 и 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.