Motorola им помага на корисниците да ги оптимизираат своите навики

Digital Wellbeing ви помага да го разберете и оцените начинот на кој го користите својот смартфон и ви нуди начини за организирање и приоретизирање на вашата работа

За Motorola отсекогаш бил главен приоритет да ги слуша корисниците и да им ги обезбедува најновите иновативни алатки кои им помагаат да се фокусираат на нештата кои им се најважни.

Токму затоа Digital Wellbeing платформата на Google ќе биде поддржана од целото moto g7 семејство со што се поставува почетокот на поширока експанзија во портфолиото на компанијата, вклучувајќи ја motorola one. Заедно со Call Screening и нашите Moto Experience ексклузивни функции, вашиот moto g7 ќе ви помогне уште повеќе да се фокусирате на она што е најважно за вас.

Digital Wellbeing

Digital Wellbeing ви помага да го разберете и оцените начинот на кој го користите својот смартфон и ви нуди начини за организирање и приоретизирање на вашата работа и при потребата да се исклучите од мрежата, така што да не поминувате непотребно време пред екранот.

Првиот чекор кон постигнување на дигитална благосостојба е информираноста. Контролната табла ви дава детални информации за времето кое го поминувате со телефон во рака, колку често ги користите различните апликации, бројот на известувања кои ги добивате и колку пати го отклучувате телефонот.

  • Со Тајмерот за апликации можете да поставувате временски ограничувања за сите апликации со кои губите најмногу време. Кога ќе го достигнете поставеното ограничување, иконата на апликацијата станува сива и соодветно недостапна до крајот на денот.
  • Комбинираните известувања за YouTube, контролата на времето за гледање и претходно поставените паузи ве спречуваат да паднете во зајачката дупка со клипови од YouTube.
  • Можете да ги поставите известувањата, така што ќе го контролирате бројот на известувања кои ги добивате, како и кога да ги добивате.
  • Гласовно одговарање на текстуални пораки со Google Assistant, за да не се вратите назад во вртлогот на дигиталниот свет.
  • Предлози за автоматско архивирање во Google Photos, за да го исчистите вашиот телефон и да ослободите простор за нови спомени, бидејќи секогаш е подобро да имате повеќе простор за зачувување.
  • Подгответе се да се опуштите со Режим за релаксирање – подгответе го и вашиот телефон за спиење со поставување на распоред за користење на ноќен режим или сива скала за бои на екранот. Тоа ќе ве потсети дека е време да го исклучите и да поспиете.

Call Screening

Motorola ја направи Call Screening апликацијата од Google достапна за целото moto g7 семејство и motorola one, за да им обезбеди на корисниците спокојство за време на работата и да им помогне да ја зголемат својата продуктивност. Кога сте го насочиле целото свое внимание на дадена задача, последното нешто кое ви треба е звук од телефонот и тоа само за да утврдите дека е рекламна порака или spam. Со Call Screening можете да направите Google да одговори место вас.

Лесно е. Едноставно треба да ја изберете Screen call опцијата над копчето за одговор или одбивање на повикот. Таму можете да генерирате одговори за Google Assistant и оној кој ве бара ќе ја слушне следната порака од Google Assistant: “Здраво, лицето кое го барате користи услуга за проверка од Google и ќе добие копија од овој разговор. Ве молиме продолжете, кажете го своето име и зошто повикувате.”*

Дознајте повеќе за Call Screening и како да го користите на Google Support.

Moto Experience ексклузивни функции

Исто како Digital Wellbeing, Motorola продолжува да ги развива можностите за поддржување на дигитален баланс и благосостојба за своите корисници со Moto Experience функциите – ексклузивен софтвер на Motorola кој им овозможува лесно да го контролираат користењето на смартфонот со природни гестови и движења:

  • Интелигентен екран – имате можност да направите брз преглед на известувањата, без да треба да го отклучувате телефонот, за да останете фокусирани на тоа што го правите.
  • Свртете за Не ме вознемирувај– Свртете го телефонот со екранот надолу за да го активирате режимот “Не ме вознемирувај”. Тој се исклучува автоматски во моментот во кој ќе го свртите телефонот со екранот нагоре.
  • Земете го телефонот во рака, за да престане да ѕвони – ако телефонот ви ѕвони, едноставно земете го во рака за автоматски да го исклучите звукот и да избегнете несакано прекинување.

Дознајте повеќе за Moto Experience ексклузивните функции кои го прават секојдневието полесно тука.

Со Digital Wellbeing, Call Screening и Moto Experience ексклузивните функции на вашиот moto g7 телефон или motorola one можете да се фокусирате на нештата кои се најважни за вас.

* Во моментов Google Assistant поддржува англиски, дански, индонезиски, шпански, италијански, кинески (традиционален), корејски, германски, холандски, норвешки, полски, португалски (Бразил), руски, тајландски, турски, француски, индиски, шведски и јапонски. Во иднина ќе бидат додадени и други јазици.

Претходна статијаSamsung претставува ново Galaxy A семејство за новите генерации корисници на „смартфони“
Следна статијаНовиот Samsung Galaxy A80: Создаден за ерата на дигитално живеење