После години на барање во File Explorer да се додадат „табови“, Microsoft конечно најави дека официјално работи на развојот на оваа функција во април оваа година. Сега функцијата е спремна за тестирање, па стана достапна во најновата верзија од Windows 11 во Dev каналот.

Dev каналот од Windows Insider програмата не е поврзан со некоја конкретна верзија од Windows 11, што значи дека не можеме да знаеме кога Microsoft планира да ја пушти оваа нова функција за сите корисници. Сепак, со оглед на нејзината популарност, кога веќе конечно стигна до тест фаза, верувама дека би требало да биде пуштена до крајот на годината.

Табовите во File Explorer функционираат како што би се очекувало и едноставно. Наместо да се отвори нов прозор, сега друга локација во апликацијата ќе може да се отвори во истиот прозор, односно исто како што веќе сите сме научени да ги користиме интернет прелистувачите.

Од компанијата исто така најавија дека оваа верзија од File Explorer има мала измена во левата лента каде се прикажуваат локациите и папките. Тие сега ќе бидат поедноставни, па корисниците ќе можат да се концентрираат на тие папки кои им се важни. Од сликата се гледа дека акцентот ќе биде ставен на папките кои корисниците ќе изберат да се прикажуваат во оваа лента.

Microsoft вклучи уште една интересна новина во оваа верзија од Windows 11, а е поврзана со Widgets делот. Како што претходно воведе ново копче за вклучување на „виџетите“ на кое се прикажува временската прогноза, сега и другите виџети ќе можат да прикажуваат информации на ова копче. Пример за такви информации се спортски резултати, календарот и слично, па корисниците ќе можат да ги видат за нив важните работи без да го отворат овој дел од корисничкиот интерфејс.

Претходна статијаTelegram наводно сепак соработува со властите во одредени ситуации
Следна статијаДоделена награда за најголем импакт во едукација на Women in Tech Macedonia на глобалниот самит во Париз
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.