За оние што се одлучија да го купат новиот оперативен на Microsoft, но и за оние кои во скоро време сакаат да купат компјутер или лаптоп со вграден Windows 10, еве неколку корисни табели, во кои се споредени верзиите на оперативниот систем.
Тука ќе можете да видите што губите доколку се одлучите за Home верзија, односно што добивате доколку се одлучите за Pro верзијата. Инаку, достапни се четири различни верзии: Home, наменета за домашните корисници, кои најчесто го користат компјутерот за пристап до интернет, Pro е верзијата за оние кои сакаат поголема заштита, но и повеќе можности за користење на десктопот од друг уред, додека Enterprise и Education верзиите се наменети за компаниите, односно училиштата и факултетите и нудат многу дополнителни можности.
Сите верзии на Windows 10 ќе имаат неколку заеднички можности, односно, како што велат од Microsoft, ќе го нудат истото корисничко искуство. Така, кај сите ќе биде достапни Windows Defender и Windows Firewall, брз стартап со Hiberboot и Instant Go, Battery Saver, виртуелни десктопи, Snap Assist можност за лесно организирање на прозорите на работната површина и секако, новото старт мени кое ги вклучува и живите плочки, кои беа претставени со Windows Phone 7.
Подолу се и табелите од Microsoft во кои е објаснето кои се главните разлики меѓу сите верзии на Windows 10. Прво, еве ги разликите во безбедноста што ја нудат:
Потоа, можностите за распоредување на програмите:
На оваа табела се изнесени можностите за заштита на податоците:
А еве и какви можности за надградба се добиваат со секоја верзија:
Windows 10 треба да биде официјално достапен на 29 Јули. Сите корисници кои имаат Windows 7 и 8.1 бесплатно можат да го надградат својот оперативен систем, но ќе ја добијат верзијата која ќе кореспондира на онаа што ја имаат во моментот, односно нема да може да се надгради од Home на Pro и сл.
Извор: Microsoft