Windows 11 доаѓа со нова функција наречена „Widgets“ која лесно е да се претпостави што подразбира од самото име. Со притискање на достапно копче, се отвора лента од левата страна на екранот на која се поставени „виџети“ со информации, како што се календар, To Do, временска прогноза, слики и слично. Поголемиот дел од лентата е посветен на новостите од Microsoft News, а сега за сега не се достапни виџети од трети страни, односно достапни се само тие од Microsoft.
Овој нов дел за виџети во основа за првпат беше достапен во нешто поразлична форма во Windows 10, преку News and Interests функцијата, но се прикажуваше во помал дел и во помала форма.
Една работа од оваа Windows 10 функција Microsoft сега ја тестира во Windows 11. Тоа е копчето кое ги вклучува виџетите кога досега беше посебно направено со посебна икона, до Старт менито.
Во најновата тест верзија од Windows 11 за програмерите, Microsoft ова копче го заменува со копче не кое е прикажана временската прогноза, односно моменталната температура, исто како што беше случајот во Windows 10.
Со притискање на ова копче се вклучува делот за виџети, па останатото функционира како и досега.
Ова може да се каже дека е одлична идеја, а најмногу поради тоа што левата страна од „таскбарот“ кај Windows 11 сега е празна поради стандардната поставеност на Старт менито во средината. Со додавањето на новото копче за виџетите, покрај тоа што се овозможува побрзо гледање на временските услови, се пополнува сега празната лева страна.

За корисниците кои сепак го враќаат Старт менито на левата страна, истото се прави преку Settings, копчето ќе биде направено во форма на стандардна икона, односно ќе биде помало и ќе биде помеѓу останатите икони.