Фото: Depositphotos

Microsoft го враќа развојот на Windows во еден сектор, нешто што генерално беше чудно што беше поделено во 2018 година. Тоа беше време кога почнавме да се сомневаме колку се сериозни од компанијата за развојот на еден од нивните главни производи, а дефинитивно тој по кој тие се познати. 

Враќањето на програмерите, кои беа префрлена во Azure тимот, беше објавено од страна на новиот главен на Windows и Surface уредите, Паван Давулури, кој дојде на оваа позиција минатата година по заминувањето на познатиот Панос Панај во Amazon. 

Внатрешниот меморандум кој бил испратен до вработените го имаат видено од страна на The Verge, кои ја пренесуваат информацијата за спојувањето на програмерите. 

Со оваа одлука може да се каже дека развојот на Windows се става во сериозна позиција, каква што требаше да остане цело време. 

Како главна причина за ваквата промена изгледа сепак е развојот на вештачката интелигенција, па од компанијата сакаат да го зголемат вниманието на тој дел, а не на генералниот развој на нови функции. 

Крајната цел изгледа ќе биде Windows да стане „агентски“ оперативен систем, нешто за кое од компанијата веќе почнаа постепено да говорат. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаChatGPT доби „родителски контроли“ за подобра контрола на користењето на алатката од страна на децата
Следна статијаOnePlus го најави претставувањето на нивниот OnePlus 15 кој ќе ги нема проблемите на новите iPhone 17 Pro
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.