Во периодот што следи, Microsoft ќе започне со постепена надградба на компјутерите кои уште работат на првата верзија од Windows 11, односно верзијата 21H2. Надградбата на компјутерите ќе биде автоматска и се однесува на Windows 11 Home и Pro верзиите, но не и на компјутерите кои се менаџирани во компаниите.

Ова значи дека корисниците кои уште ја немаат инсталирано ланската и најнова верзија од Windows 11, односно 22H2, тоа за нив автоматски ќе го направи Microsoft. Корисниците можат да ги прилагодат часовите кога надградбите се инсталираат, за да не бидат прекинати на сред некоја работа, но инсталацијата ќе се случи автоматски во периодот што следи.

Автоматската надградба ќе оди постепено и прво за корисниците кои најдолго ја користат постарата верзија, како и за тие за кои е проценето дека нема да имаат проблем при процесот на надградба.

Корисниците кои со ова се потсетени дека немаат направено надградба на нивниот компјутер и би сакале тоа веднаш да го направат, можат истото да го направат со проверка за нова верзија преку Windows Update во Settings.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаWindows 11 добива можност за снимање на екранот преку Snipping Tool апликацијата
Следна статијаНово истражување на Visa: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.