winxpp-expire

Microsoft ќе ја прекине поддршката за стариот и сеуште популарен Windows XP. Тоа значи дека корисниците иако сеуште ќе може да го користат, оперативниот систем веќе нема да добива сигурносни закрпи или било какви други надградби. Бројот на корисниците на овој оперативен систем е сеуште голем, најмногу кај бизнис корисниците поради користењето на одредени апликации направени за тој систем, како и обемната работа потребна за надградба на оперативните системи на сите вработени во една компанија.

Слабата популарност на најновата верзија на Windows, 8 и 8.1, доведува исто така за слабиот интерес за надградба на старите системи, а исто така придонесува и за зголемување на популарноста на разните Linux дистрибуции, меѓу кои најпопуларната Ubuntu.

Почнувајќи од 8-ми Март, Microsoft ќе започне со прикажување на нотификации за корисниците на Home и Professional верзијата на Windows XP, кои што исто така имаат избрано да добиваат надградби на системот преку Windows Update функцијата. Нотификацијата која што ќе биде во форма на pop-up прозорец, стандарден за овој оперативен систем ќе вклучува известување за крајот на поддршката, како и линк до страна посветена за ова на која што корисниците може да најдат повеќе информации. Нотификацијата ќе се појавува секој 8-ми во месецот доколку корисниците не изберат истата веќе да не им биде прикажана.

Screenshot 2014-03-06 18.13.14

Интересно, Microsoft исто така има пуштено веб страна на која што корисниците кои што не се сигурни кој оперативен систем го користат, ќе можат да проверат дали го користат Windows XP. Страната е наречена AmIRunningXP.com.

XPProgress_13A1EBEB

Покрај известувањата, Microsoft во соработка со Laplink им направи достапна на корисниците на Windows XP посебна програма, PCmover Express for Windows XP, преку која што тие ќе можат едноставно да ги пренесат своите податоци на понова верзија, односно на Windows 7, 8 или 8.1.

Извор: Windows Experience Blog

Претходна статијаMicrosoft спрема HDMI уред со Miracast поддршка
Следна статијаFacebook со нов редизајн, ќе биде достапен во наредните недели за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.