После неколкуте проблеми кои се јавија при надградбите на Windows 10, Microsoft доста го ограничи процесот на надградба. Истиот се одвива со помош на машинско учење врз основа на што се проценува кои уреди имаат најмали шанси да имаат проблем при инсталацијата и после надградбата.

Ова значи дека иако Windows 11 беше официјално пуштен во октомври минатата година, не сите корисници ја имаат добиено понудата за надградба преку Windows Update. Тие што не сакаат да чекаат секако ја имаат можноста да ги симнат ISO датотеките или алатката од Microsoft за инсталација на системот, директно или преку USB „стикче“.

Процесот на надградба, односно понуда на надградбата на сите компјутери кои се компатибилни беше планирано да заврши до половината на оваа година. Од Microsoft истакнуваат дека пуштањето на надградбата, како и целиот процес, се одвиваат подобро од планираното и многу повеќе корисници го имаат инсталирано новиот Windows, а посебно и во споредба со Windows 10.

Поради тоа, од компанијата имаат одлучено да ја пуштат надградбата за сите компатибилни компјутери, па сите корисници кои уште го немаат Windows 11, сега ќе може да го инсталираат. За да го почнат процесот на надградба, корисниците се што треба е да проверат за нови верзии преку Windows Update.

Како што истакнуваме неколку пати во текстот, надградбата им е достапна на корисниците кои имаат компатибилен компјутер, односно компјутер купен во последните 5-6 години кои има TPM 2.0 модул.

Најдобар начин да се провери дали компјутерот е компатибилен и зошто не, доколку тоа е случајот, е со користење на PC Health Check апликацијата од Microsoft.

Дека процесот со надградбата од Windows 10 на Windows 11 се одвива одлично, истакна и Панос Панај во неговата објава оваа недела во која најави дека идниот месец Windows 11 ќе ја добие поддршката за Android апликации, како и уште неколку подобрувања.

Претходна статијаВистината „Зад завесите’’ – Бојана со нова балада и видео запис
Следна статијаJames Webb вселенскиот телескоп успешно ја зазеде својата финална орбита околу Сонцето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.