Вселенскиот телескоп James Webb успешно ги направи последните прилагодувања по што ја зазеде својата финална орбита околу Сонцето, заедно со Земјата. „Веб, добредојде дома“, изјави администраторот на NASA, по успешното завршување на овој критичен дел од мисијата.

Орбитата на телескопот е 1,6 милиони километри од Земјата и се наоѓа во таканаречениот L2, односно „втора Сонце-Земја Лагрејнџ точка“. Оваа точка е една од пет точки кои се позиции во вселената каде гравитациските сили на две големи тела, како Земјата и Сонцето, креираат региони во вселената на засилено привлекување и одбивање. Во овие региони, поставувањето на летало троши помалку енергија за да ја задржи својата позиција.

Позицијата на орбитата на James Webb ќе му овозможи уникатна можност за набљудување на вселената во својата мисија да ги открие почетоците на универзумот, гледајќи најдалеку во минатото досега.

Исто така, во оваа позиција температурата ќе биде доволно ниска за да може да функционираат леќите и инструментите кои се дел од телескопот.

Во периодот што следи ќе се продолжи со калибрирање и прилагодување на опремата, по што ќе може да се очекуваат и првите слики почнувајќи од ова лето.

„За време на изминатите месец дена, JWST постигна неверојатен успех и со тоа им оддава почит на сите луѓе кои поминаа многу години за да го осигураат успехот на мисијата. Сега сме на работ на прилагодување на огледалата, активирање и пуштање во функција на инструментите, како и почетокот на чудесни и зачудувачки откритија.“ – истакна Бил Очс, проект менаџерот на мисијата.  

ИЗВОРNASA
Претходна статијаMicrosoft ја пушта Windows 11 надградбата за сите компатибилни уреди неколку месеци порано од планираното
Следна статијаFAVORIT ELECTRONICS подарува и по 30 години довербата останува  
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.