Иконите кои се користат во Windows за различни работи, изгледа конечно ќе добијат одредено освежување, иако од тоа што може да се види, сепак не се работи за целосен редизајн. Без разлика, овие икони се користат уште од Windows 95, па време беше да се направи барем нивно освежување, ако веќе не редизајн.

Иконите корисниците ги гледаат на различни делови од оперативниот систем, а сите во една листа можат да се видат при обид да се избере друга икона за одредена датотека, па отворање на C:\Windows\System32\Shell32.dll.

Оваа листа со икони е променета во тест верзиите од Windows 10, односно во Windows Insider верзиите. Промените се доволно мали да можеби не секој би ги забележал, но од Windows Latest сепак ги имаат забележано.

За дел од овие икони веќе можевме да прочитаме дека Microsoft планира да ги промени, па сега гледаме дека тоа се планира за сите достапни икони во системот.

Овие промени најверојатно може да се очекуваат со 21H2 верзијата од Windows 10 која треба да стане достапна оваа есен и која треба да донесе поголеми промени во корисничкиот интерфејс кој на делови е застарен и одамна непроменет.

ИЗВОРArs Technica
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСкала Магазин со промоција на својот прв печатен број
Следна статијаА1 Македонија со нова атрактивна понуда за субјектите во угостителството и туристичката дејност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.