Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност којашто ги промовира домашните млади креативци и независни автори, но и медиум којшто веќе една година активно ги поддржува културните настани и сцена.

Овој дигитален магазин ја најави промоцијата на својот прв печатен број којашто ќе се одржи на 14 мај во период помеѓу 15:00 и 19:00 часот во рамките на Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“ на летната тераса во „Јавна соба“. Најавен е и промотивен попуст за резервација на првите 100 броја.

По еднoгодишно неуморно создавање на содржини, следејќи ја „новата“ сцена преку добро познатите рубрики: „На скалички со..“; студиозни менторски осврти на голем број професионалци од дејностите; медиумска поддршка на настани со комплетна репортажа на пишани текстови, интервјуа, видео рубрики, како и нашата онлајн-продавница со голем број дизајн и уметнички дела од наши домашни автори, дојде редот и на првиот печатен број на „Скала магазин“! Тоа што можеме да го ветиме е 136 страници гооолем формат, пример за дизајн и фотографија и содржина којашто ќе се препрочитува засекогаш. Задолжителна литература за секоја домашна библиотека. За првите 100 броја имаме и специјален попуст преку резервација или директна нарачка од нашата онлајн продавница“- вели Дејан Џолев, главен уредник на магазинот.

Повеќе информации за најавената промоција можете да прочитате тука.

Претходна статијаLunar Crater Radio Telescope на JPL од NASA доби финансии за развој на концептот за изградба на телескопот на Месечината
Следна статијаMicrosoft ги менува старите икони во Windows 10, но дали ќе се забележи разликата