Windows-8.1

Update 1 неофицијално се нарекува наредната надградба на Windows 8.1 која што треба да биде достапна идниот месец. Поточно истата се очекува официјално да биде претставена на Microsoft Build 2014 настанот што се одржува од 2-ри до 4-ти Април оваа година. Корисниците се очекува да може да ја симнат надградбата на 8-ми Април, односно во вторник кога и обично се пуштаат надградбите, повеќе познато како Patch Tuesday.

Од неофицијалните и протечени информации кои редовно можеше да се најдат на интернет може да се види дека оваа надградба ќе биде во главно направена за корисниците на уреди без екран на допир, односно на корисниците на тастатура и маус. Се очекува можност за поставување на модерните апликации на taskbar-от, посебна лента на истите на која што корисниците со маус ќе можат полесно да ги исклучуваат, минимизираат и поставуваат на дел од екранот. Исто така ќе биде додадено копче за исклучување на компјутерот само за корисниците на маус и тастатура, како и копче за пребарување за сите корисници. Повеќе за очекуваните промени можете да прочитате на следната статија.

Денеска, наводно случајно, Microsoft ги направи достапни линковите на неколку надградби кои што овозможуваат инсталирање на Update 1 за корисниците на Windows 8.1. Исто така достапни се и директни линкови за целосна инсталација на оперативниот систем со Update 1 надградбата вклучена. Можно беше и менување на регистарот (registry) со што се овозможуваше инсталирање на надградбата, меѓутоа Microsoft ја има блокирано истата.

Не ви препорачуваме да ја инсталирате надградбата пред време, најмногу поради фактот дека изворите на линковите не се преверени, како и можноста за додатни промени до официјалното излегување на истата. Како и да е корисниците што сметаат дека знаат што прават линковите може да ги најдат на следниот форум.

Извор: The Verge

Претходна статијаVLC за Windows 8.1 ќе биде достапен од понеделник
Следна статијаПократко време за освежување на плочките во Windows Phone 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.