joe-build-2014

Новата политика која што ја има Microsoft по назначувањето на Satya Nadella како главен директор на компанијата е овозможувањето на нивните сервиси на другите платформи, а не само на Windows. Ова дефинитивно може да се каже дека е добра одлука, посебно во време кога Windows не е најмногу користената платформа, кога ќе се земат во предвид и мобилните уреди.

Меѓутоа, оваа нова политика ги изненади корисниците на Windows, а посебно Windows Phone, кои што се повеќе добиваат впечаток дека и самата компанија ги става во втор план додека претставува нови апликации за другите платформи. Ова е нешто што уште е случајот со другите програмери и компании, па навистина корисниците се прашуваат како може да се очекува зголемување на популарноста, кога и Microsoft не покажува доволна сериозност кога се работи за сопствената платформа.

Еден од примерите за ваквата ситуација е претставувањето на целосно нови и многу понапредни Office апликации за iOS, како и бета верзии од истите за Android. Додека овие популарни платформи конечно добија навистина добри Office апликации од Microsoft, Windows Phone остана со старата и основна апликација без никаква најава дали е во план нешто ново и за оваа платформа.

Можеби проблемот е нешто помал за корисниците на Windows 8, поради достапноста на целосните десктоп програми без разлика за која верзија од системот се работи. Исто така, посебни touch оптимизирани Office апликации за оваа платформа се најавуваат за Windows 10, па може да се каже дека тука ситуацијата е до некаде појасна.

Joe Belfiore, познатото лице на Windows Phone, преку својот Weibo профил денеска информира дека тимот кој што работи на развојот на Office ја нема заборавено нивната Windows Phone платформа и дека може да се очекуваат повеќе информации до кинеската нова година која што е на 19-ти Февруари.

Сакам да ве уверам дека нашиот Office тим го нема заборавено Windows Phone – ние само ги усогласуваме нашите новости и најави за еден настан. Ќе слушнете многу повеќе за тоа што го планираме пред кинеската нова година.

d3c78b26jw1ento9j7a1rj20hy08qdi6

Со оглед на датата на кинеската нова година, настанот на кој што може да се очекуваат повеќе информации можно е да биде закажаниот на 21-ви Јануари. На овој настан треба да бидат презентирани повеќе информации околу правецот во кој што ќе се движи Windows 10, односно повеќе информации наменети за обичниот корисник. Исто така, на овој настан се очекуваат повеќе информации за мобилната верзија од Windows 10.

Извор: The Verge, Windows Central, Weibo

Претходна статијаApple патентира модуларно дигитално „пенкало“ (стило)
Следна статијаПритисокот врз Сноуден се зголемува – екипата позади „Citizenfour“ тужена за милиони долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.