Марк Гурман веќе најави дека Apple работат на можност да го ажурираат софтверот на iPhone уредите додека истите се спакувани во продавниците, без потреба од нивно отпакување.
Сега оваа информација е потврдена преку код кој е забележан во алатките за програмерите од бета верзија на iOS 17.2. Тоа значи дека Apple наскоро ќе може да ги ажурира iPhone телефоните и да ги продава со најновата верзија од iOS, а уште поважно со исправени грешки.
Потребата за еден ваков систем наводно се има јавено по појавата на грешка која предизвика корисниците да не можат да ги „клонираат“ своите постари телефони на новиот iPhone 15, па за истото прво мораа да го ажурираат софтверот.
Инаку, овој систем би функционирал преку нов уред врз кого би се поставувале телефоните и на тој начин тие би можеле да бидат ажурирани.
Се истакнува дека овој систем ќе се погоди како корисен и во ситуациите кога корисниците имаат проблем со својот телефон, а за одредени исправки веќе нема да бидат потребни кабли, посебно кога поврзувањето со компјутер не функционира.