Познатите филмови Planet of the Apes, кои ги има уште од 1968 година, во мај идната година ќе го добијат најновото продолжение. Ова продолжение е од најновиот серијал, односно од „модерните“ преработки на филмовите, нешто што е стандардно да се прави во последно време.
Kingdom of the Planet of the Apes е името на најновиот филм и во кината треба да стане достапен од мај идната година, а веќе со години премиерите се случуваат во исто време и кај нас.
Достапен е првиот „трејлер“ од филмот, па сега можеме и подобро да видиме што може да се очекува од филмот. Овој дел ја продолжува приказната од претходниот, па истата се врти околу Корнелиус, синот на Цезар, мајмунот од кого започнуваат сите случувања.
Инаку, првиот филм е пуштен во 1968 година, па истите имаа продолженија се до 2001, секако дел од нив исто така модерни преработки. Најновите филмови продолжуваат од 2014 година со Rise of the Planet of the Apes, па Dawn of the Planet of the Apes во 2017.