Минатата недела, во рамките на WWDC, Apple го презентира iPadOS 26, наредната генерација од оперативниот систем на кого работат iPad уредите. Како што се шпекулираше пред одржувањето на настанот, iPadOS доби нови функции кои ќе ја олеснат работата на корисниците кои сакаат да ги користат овие уреди како замена за лаптоп. 

Вакво нешто се бара одамна, па мислам дека Apple конечно ги послуша корисниците. iPadOS 26 донесува нов начин на менаџирање на прозорите од апликациите кој е поблизок со десктоп стилот, ја донесе горната лента од macOS, а овозможи и можност за работа во позадина за апликациите како тие за работа со видеа. 

Сепак, голем дел од корисниците бараат донесување на macOS на iPad, односно додавање на поддршка за работа со екрани на допир на овој систем, но тешко дека Apple ќе направи такво нешто.

Одговорот на прашањето зошто е тоа така го дава Крег Федериги од Apple, а можам да кажам дека неговиот одговор има доста логика. 

Интервјуто е направено од страна на Рафаел Зеиер од Швајцарија во рамките на WWDC, а видеото можете да го погледнете во продолжение. 

Претходна статијаSamsung Galaxy S25+ ја оживува уметноста во музејот на Ван Гог
Следна статијаХабот на ЕИТ во Македонија и The Learning Curve организираат настан „КАКО СТАРТАПИТЕ ДА ОБЕЗБЕДАТ ПАМЕТНО ФИНАНСИРАЊЕ ВО 2025“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.