ios-9-hero

Apple оваа недела ја пушти 9.1 надградбата на iOS оперативниот систем. Истата во главно донесува подобрувања на перформансите, како на системот, така и на одредени апликации кои што доаѓаат пред инсталирани.

Главните промени вклучуваат нови emoji икони, како и подобрување во работата на Live Photos, новата интересна функција воведена со iOS 9. Live Photos е функција која што снима кратко видео, поточно видео од 1,5 секунди, пред и после секоја слика која што ја сликате со уредот. Со тоа се добива интересна, еден вид анимација, кога ги разгледувате сликите.

Во iOS 9.1 е подобрена оваа функција која што сега забележува дали корисникот веднаш го спушта телефонот по сликањето, па доколку истото го направи, нема да го вклучи видеото од крајот на сликата.

Со тоа се избегнува ситуацијата каде што анимацијата вклучува поглед од мобилниот како корисникот го носи спрема џебот, а со тоа треба и да се подобрат сликите за кои што е вклучена Live Photos функцијата.

Надградбата на iOS 9.1 е достапна за сите корисници на 9.0 верзија, како на iPhone, така и на iPad. Како и обично, надградбата може да се инсталира директно од самиот уред или преку неговото поврзување со компјутер и iTunes софтверот.

Извор: The Verge, VB

Претходна статијаАвтопилотот на Tesla се’ уште „климав“
Следна статијаАвтопилот системот на Tesla одобрен за интернационална употреба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.